Живот
11. August 2017 - 8:53

Канаѓанка со вежбање успеала целосно да ги намали големите гради

Канаѓанката Мел Сеч е позната фитнес инструкторка во својата земја, а трансформацијата на нејзиното тело шокира голем број корисници на социјалните мрежи во светот.

Имено, Мел со напорно вежбање ги намали нејзините големи гради на големина Б и е презадоволна од резултатот.

-  Градите ми беа преголеми и ми пречеа. Ништо од облеката не ми се вклопуваше. Прво сакав да го решам проблемот по хирушки пат, но на крајот одлучив да вежбам додека не исчезнат, изјави Мел.

Иако голем број нејзини обожаватели се воодушевени од упорноста и волјата, многумина сметаат дека нејзиното тело изгледало подобро со големи гради и дека сега е изобличена со мускулната маса.