Канадските фудбалери одбија да играат пријателски натпревар и бараат смена на раководството на федерацијата
Фудбалерите на канадската репрезентација вчера, на ден пред пријателскиот натпревар против Панама објавија апел до Канадската фудбалска асоцијација, во кој зборуваат за нивните барања.
– Време е да се залагаме за иднината на фудбалот во Канада. Сакаме да работиме заедно со нашата организација, но односот е затегнат многу години. Сега Канадската фудбалска асоцијација покажа непочитување кон нашиот тим и ги загрози нашите напори да ги подигнеме стандардите и ефективно да ја развиеме играта во Канада стои во апелот на канадските репрезентативци.
Фудбалерите одбија да го одиграат натпреварот кој беше закажан за ноќеска во 1 часот по македонско време.
Канадските репрезентативци бараат промена на раководството на Канадската фудбалска асоцијација и компензација за трошоците во вид на 40% од паричната награда за учество на Светското првенство во Катар.
Ново на Сител
-
При изведување градежни работи, пронајдени 145 артилериски гранати во Битола
-
Распродадени сите билети за завршниот турнир во Евролигата
-
Краделе нафта од паркирано возило, уапсени крадци во Кавадарци
-
МНР: Девет амбасадори известени за завршување на мандатот
-
Приведен криминалец во тетовско за издржување тригодишна затворска казна
-
Бугарија неповратно загуби 653 милиони евра од ЕУ фондовите поради неспроведени реформи
-
Трансродовите американски војници ќе бидат одвоени од војската освен во исклучителни ситуации
-
Арачиновец со пиштол се заканувал на вработени од ЕВН