Свет
17. December 2017 - 9:16

Канадски милијардер и неговата сопруга пронајдени мртви

- Милијардерот и филантроп од Торонто, Бари Шерман и неговата сопруга Хани пронајдени се мртви во нивниот дом.

Канадската полиција соопшти дека случајот се испитува како сомнителен.

Министер за здравство во провинцијата Онтарио, Ерик Хоскинс истакна дека е прерано за заклучоци и оти полицијата ги испитува околностите. Тој не наведе повеќе детали за времето и причината за смртта.

Шерман е основач на компанијата „Апотекс“.