Свет
24. January 2016 - 9:54

Канадската полиција подигна обвинение против 17-годишно лице за убиството на четворица

Канадската полиција подигна обвинение против 17-годишен жител на градот Ла Рош за убиството на четири лица и за седум обиди за убиство, јави ТАСС.

Стрелецот, чие име не се соопштува бидејќи е малолетен, вчера во својот дом си ги застрела двајцата браќа, а потоа уби двајца професори во своето училиште.

Портпаролот на канадската полиција изјави дека седум лица се повредени во пукањето во училиштето, кои се примени во болница.