Балкан
14. August 2019 - 13:43

Kанадер влегува во „пеколно“ небо - снимка од пожарите во Грција

На снимка што ја објави Раша тудеј се гледа канадер на небото, чија боја брзо преминува од светло сина во пеколно портокалова кога авионот е над пожарот.

Околу 200 пожарникари се борат со пожарот на терен.

Властите прогласија вонредна состојба во регионот, евакуирани се четири села и стотици локалци.

Грција поради пожарите побара и помош од Европската Унија.