Канада вети дополнителна воена помош за Украина
Канада ќе обезбеди дополнителна воена помош од 480 милиони американски долари за Украина во следните три години, изјави денеска премиерот Џастин Трудо пред канадскиот парламент, за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Трудо најави дека како дел од оваа помош, Канада ќе и испорача уште тенкови Леопард 2 на Украина.
Дополнително, во Украина во текот на три години ќе бидат испорачани 50 оклопни возила, вклучително и возила за медицинска евакуација, што ќе ги прават канадски работници во Онтарио.
Зеленски во обраќањето пред пратениците ја повика Канада да остане покрај неговата земја до победа.
Ова е прва посета на Зеленски на Канада откако Русија ја почна својата инвазија врз Украина во февруари 2022 година. Тој претходно говореше во канадскиот парламент преку видео-врска, но тоа беше на почетокот на војната.
Ново на Сител
-
Вечерва седница на ИО на СДСМ
-
Партиски реакции по најавата Џафери да биде технички премиер
-
285 санкционирани возачи во Скопје, 107 за брзо возење
-
Студентскиот дом „Гоце Делчев“ неколку дена без лифтови
-
Пронајдено девојчето од Бeлград, потврди мајката
-
Торнадо направи хаос во Америка: Загинаа шест лица, а 23 се повредени
-
Сопруги, мајки и сестри на војници во Русија: „Вратете ги дома“
-
Денеска доделување на Нобеловите награди во Стокхолм и Осло