Свет
13. February 2016 - 21:01

Канада окована од арктички студ

Голем студ, проследен со јак северен ветер, денеска ги зафати источните и централните делови на Канада, објавија канадските медиуми. 

Во северните делови на провинцијата Онтарио се измерени рекордно ниски температури од минус 45 степени Целзиусови.

Во канадскиот главен град Отава живата во термометрите се симнала до минус 28 степени Целзиусови, но поради студениот ветер чувството било како да е минус 38 степени.

Во Мотреал, пак, се измерени минус 24 степени, додека чувството било како да е минус 34 степени Целзиусови. 

Метеоролозите најавија дека од почетокот на идната недела ќе уследи „затоплување“, кога температурата во Отава и Монтерал ќе се искачат до минус 8 степени Целзиусови.