Свет
26. October 2016 - 8:30

Канада: Негувателка обвинета за убиство на осум стари лица

Негувателката Елизабет Трејси Ме Ветлауфер, која е вработена во два Дома за стари лица во канадската покраина Онаторио, е обвинета за убиство на осум стари лица во период од неколку години. 

Ветлауфер вчера се појави пред судот во градот Вудсток при процесот во кој и се суди дека со смртоносни дози на лекови убила седум лица на возраст меѓу 75 и 96 години, јави „Би-Би-Си“, не наведувајќи на кој начин починала осмата жртва. 

Убиени се пет жени и тројца мажи кои живееле во домот „Керсант Кер“ во Вудсток и „Медоу парк“ во Лондон во Онтарио.