-->
-->
Канада најави нови санкции против високи сириски претставници
-->
Канада најави нови санкции против Сирија како одговор на наводниот хемиски напад кој се случи на 4 април во провинцијата Идлиб.
Санкциите опфаќаат замрзнување на имотот и сметките на високи функционери во Владата на сирискиот претседател Башар ал Асад.
- Владата на канадскиот премиер Џастин Трудо ги прошири санкциите на дополнителни 27 високи владини претставници, изјави канадската министерка за надворешни работи Кристија Фриленд.
Ова се први канадски санкции против Сирија и Асад по 2014 година, кога на власт во Канада беше конзервативната влада.
Асад, неговото семејство, Владата и сириски воени лидери веќе подолг период се мета на санкции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација