Loading Video...
Фудбал
13. јуни 2018 - 16:00

Канада, Мексико и САД ќе го организираат СП 2026

 
 
Светската фудбалска федерација на денешниот Конгрес во Москва одлучи Мундијалот во 2026 година заеднички да го организираат Канада, Мексико и САД.
 
На гласањето беа присутни 203 од вкупно 210 делегати со право на глас. Од нив 134 гласаа за трите земји, додека 65 за Мароко.
 
За африканската држава ова е четврто губење на „домаќинството“ на СП, по поразот во финалното гласање.
 
Светското фудбалско првенство во 2026 година е првото на кое ќе учествуваат 48 земји, 16 повеќе од претстојното во Русија