Свет
3. August 2015 - 9:28

Канада: Избори во октомври, предизборна кампања од 11 недели

Канадскиот премиер Стивен Харпер го распушти парламентот и распиша избори за 19 октомври, и со тоа официјално почна предизборната кампања.

Таа ќе трае 11 недели и Харпер ќе се бори за четврти последователен мандат.

Главно место во неговата кампања ќе бидат економски прашња.

Ќе се бираат вкупно 338 членови на парламентот што е за 30 повеќе во однос на минатите избори.

Анкетите укажуваат дека тоа ќе бидат неизвесни избори на кои сила ќе одмерат владејачката Конзервативна, опозициската Нова демократска и Либералната партија.