-->
-->
Канада го прекина учеството во воздушните напади врз ИД во Ирак и Сирија
-->
Канадскиот премиер Џастин Трудо објави денеска дека неговата земја ќе ги повлече шесте авиони, што учествуваат во воздушните напади над Ирак и Сирија, со што ќе заврши канадското борбено учество во борбата против Исламска држава.
Официјално канадската боева воздушна мисија ќе заврши на 22 февруари. Отава, меѓутоа, ќе остави во регионот два разузнавачки авиони.
Канадат тројно ќе го зголеми и бројот на воените инструктори, кои ги обучуваат курдските војници во Северен Ирак. Во моментот канадските инструктори се 70, а ќе достигнат 200 според Владата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра
-
МЗШВ: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје
-
Македонија и 11 членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти
-
ССМ на 2 април на протест поради одлуката на Врховниот суд, ќе протестира и на 1 мај
-
Полицајци спроведуваат политичка кампања, училиште претворено во штаб на ДУИ
-
Приведено уште едно лице за убиството на докторот во Железара
-
Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април