Кампања за одбележување на Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди
Засадување дрвца и промоција на парк, пешачко дефиле, јавни трибини и едукативни предавања, крводарителска акција, ликовна изложба и други активносити ќе бидат организирани во рамки на кампањата за одбележување на Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).
Претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Стојче Стаменковски денеска со пораката на овогодинашната кампања „Денови на сеќавање, време е да запрат кривичните дела на улиците“ го најави почетокот на одбележувањето на Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди - 15 ноември.
- Светскиот меморијален ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди е одговор на големата потреба на настраданите во сообраќајни несреќи за јавно препознавање на нивната загуба и страдањето и го нагласува влијанието врз нив, нивните семејства, заедниците и општеството, истакна Стаменковски, додавајќи дека секоја година во светот околу 1,2 милиони луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди и околу 50 милиони се здобиваат со телесни повреди.
Заедничкиот меморијален ден, додаде, нуди солидарност и пријателство за нашите загинати сограѓани, односно за нивните семејства, а истовремено привлекува внимание за уништувањето предизвикано од невнимателно возење.
Според податоците на РСБСП во Македонија во првите девет месеци во 2015 година се случиле 100 сообраќајни несреќи со смртни последици, во кои животот го загубиле 113 лица, а 4.684 се повредени. Тоа е раст од 8,7 проценти и 4,6 отсто соодветно во однос на 2014 година.
Брзото возење со 522 незгоди е прва причина за предизвикување на сообраќајните несреќи со човечки жртви во 2015 година. Непочитување на правилата за првенство на минување се причина за 487 незгоди, додека управување под дејство на алкохол е причина за 161 сообраќајна несреќа, покажува анализата на РСБСП.
По ранливи групи во сообраќајни несреќи во 2015 година досега животот го загубиле 37 пешаци, шестмина велосипедисти и 10 моторциклисти.
Анализата на состојбите во безбедноста на сообраќајот за периодот од јануари до септември 2015 година, по категории според вината, покажува дека по грешка на возачите се случиле 2.766 незгоди во кои загинале 109 лица, а по грешка на пешаците се случиле 105 несреќи во кои загинале осум, додека 101 лице се повредени.
Претседателот РСБСП на денешната прес-конференција ги претстави резултатите од кампањата за подигнување на безбедноста на децата во сообраќајот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ организирана од советот во соработка со министерствата за внатрешни работи и за образование и наука, ОБСЕ и единиците на локалната самоуправа.
- На повеќе од 2.000 ученици во над 50 основни училишта низ цела Македонија беа одржани едукативни предавања за подигање на знаењето и свеста за сообраќајните правила и прописи, како и за опасностите и ризиците при учество во сообраќајот. Во соработка со ОБСЕ беа испечатени 25 илјади линијари и 25 илјади распореди на часови со сообраќајно едукативна содржина и поделени низ сите основни училишта во земјата, истакна Стаменковски.
Во рамки на кампањата се изработени и видео клипови со деца во кои се отсликува нивното мислење и основни сообраќајни познавања за сообраќајот, а на крајот на секое видео полицаец дава точна дефицинија за секое сообраќајно правило.
Ново на Сител
-
61% од учениците жртви на психичко насилство, 30% не се чувствуваат безбедно во училиштата
-
Иновативниот пристап препознат кај водичите
-
Експлозија на Косово: Курти ја обвинува Србија, Белград говори за намерна диверзија
-
Преглед на вестите од светот
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски