Македонија
3. September 2021 - 16:33

Кампања против корупцијата и закон за потекло на имот најавува Владата

Сега се е јавно – корупцијата не се исплати. Под овој слоган Владата старува кампања за борба со корупцијата во која се вклучува и администрацијата и граѓаните. Преку видео спотови но и преку интерактивна веб страница, власта ќе ја подигнува свеста, а граѓаните ќе можат да го пријават секој сомнеж за корупција.

Како главна алатка во борбата со корупцијата Заев и Николовски го најавуваат токму новиот закон за конфискација на имот, со кој покрај јавни функционери, судии и обвинители, ќе се проверува начинот на кој е стекнат имотот и на секој граѓанин.

Конечното решение што се ќе опфаќа овој закон и на каков начин и преку кои институции ќе се проверува имотот на функционерите и граѓаните се уште е во подготовка. Драфт документот следната недела ќе биде ставено и на јавна расправа. 

Токму за овој закон опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека е за прикривање на луксузниот имот на Заев, Филипче, Шилегов, Царовска и Костадинов за кој обвинуваат дека за 4 години е енормно зголемен.  

 СДСМ се крие зад закони кои треба да им го легализираат криминалот. Времето на аболиции поминува. Доаѓаат промени, се вели во реакцијата на опозициската партија.