Македонија
13. May 2016 - 16:41

Кампања „Млад возач- безбеден возач“ за подобрување на безбедноста

Со дополнителна едукација на младите до зголемување на безбедноста на сообраќајот. Возачите кои спаѓаат во ранливи и ризични учесници ќе добијат можност за унапредување на искуството, вештините и знаењата. Проектот има за цел почетниците да учат од најдобрите,  да им бидат укажани најчестите грешки кои ги прават и да им се посочат сите моменти и ситуации во кои може да се најдат.

- Ги повикувам,  младите,  да се пријавуваат, активно да учествуваат во  овој проект, и секако да возат одговорно и да бидат одговорни возачи.

Во кампањата која ја спроведува РСБСП во соработка со повеќе институции и компании учествува и македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе.

Проектот, на  почетокот ќе се реализира само во Скопје, а понатаму и во другите градови во Македонија.  Обуката ќе биде поделена на теоретски и практичен дел, а секој учесник по завршување на обуката ќе се стекне со сертификат за безбеден и одговорен возач – почетник.