Кампања „Да ги заштитиме шумите од пожари“ во Општина Илинден
Општинскиот противпожарен сојуз „Илинден“ во соработка со активистите од доброволните противпожарни друштва спроведува теренски активности за заштита на шумите од пожари.
Општина Илинден информира дека во рамките на активностите, извршена е поправка на старите и поставени се нови табли со натпис „Забрането палење оган“, на сите пристапни патишта кои што водат до излетничките места, верските објекти и до шумските предели на подрачјето на Општината.
Паралелно со ова се врши поставување на големи огласни табли на кои стои предупредување да не се пали оган во шума, да не се палат стрништа, да не се фрлаат отпушоци во движење од превозни средства, а доколку се забележи пожар веднаш да се пријави на телефонскиот број 193.
Истовремено, формирана е противпожарна патрола која што делува на терен и врши распределба на флаери во сите населени места на тема „Да ги заштитиме шумите од пожари“, подготвени од Противпожарниот сојуз на Град Скопје.
Во летниот период од страна на активистите на Доброволното противпожарно друштво „Ајватовци“ ќе се врши патролирање со теренско возило на потегот во најризичните области за појава на пожари на подрачјето на Општината.
Како дел од активностите, остварени се средби на терен со сопствениците на комбајни за жнеење, со сточарите и со пчеларите со цел да се предупредат внимателно да се движат низ шумите и отворените простори и во случај на пожар активно да земат учество во неговото спречување и гаснење.
Општинскиот противпожарен сојуз „Илинден“ ги потсетува граѓаните на законската обврска и ги повикува сите жители да земат активно учество во спречувањето и гаснењето на пожари и спасување на луѓе и имот загрозени од пожари и од други елементарни непогоди.
Ново на Сител
-
Политичките партии со реакции по вчерашното дивеење низ Скопје
-
МВР постапува за сквернавењето на знамето
-
Во Македонија има над 140.000 кучиња миленици
-
Патот Кичево – Охрид клучен за развој на охридскиот бизнис
-
Штип во борба со корупцијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ