Македонија
19. August 2017 - 17:04

Камион затрупа 4-ца работници со песок, па се преврте врз нив

Бизарна несреќа која за среќа заврши без жртви и тешко повредени. Претпладне на новата магистрална делница во изградба помеѓу Штип и Свети Николе, кај село Криви Дол, камион кипер на песок, од засега неразјаснети причини изгубил рамнотежа и паднал врз паркиран пик-ап, кој бил во негова непосредна близина. Во пик-апот имало 4 лица кои на градилиштето пристигнале за да им поделат заштитни елеци на возачите на камиони кои работа на патот. Тие останале заробени во возилото, зашто покрај камионот врз нив се истуриле и поголеми количини на песок, па на пожарникарите им биле потребни половина час да ги извлечат на безбедно.

- Едно од 4-те лица во возилото, се здобило со повреди на нозете и како што информираат од итната медицинска помош, веднаш е пренесен на ортопедија во штипската клиничка болница, каде е задржан за понатамошно лекување-стенд ап

Останатите тројца се здобиле со лесни телесни повреди, исеченици на лицето и горниот дел од телото. Според информациите од терен, среќна околност е тоа што прво се истурил песокот и го амортизирал ударот, зашто во спротивно, камионот директно би паднал и би го згмечил пик-апот. На лице место се увидни екипи од МВР кои ги утврдуваат причините за несреќата.