Свет
24. September 2018 - 11:11

Камион удри во училишен автобус во Полска: Двајца возрасни загинаа, децата во болница

Во судар кој денеска се случи во Полска кога камион удри во училишен автобус, загинаа две возрасни лица, а три деца се пренесени во болница на преглед, известија полските медиуми.

Несреќата се случила утрово во село Тирово, на југот на земјата.

Портпаролката на полицијата Ана Балинска рече дека во моментот на несреќата автобусот превезувал седум деца кон училиште, а три од нив се пренесени во болнциа на преглед, пренесува АП.

Според нејзините зборови, првобитните наоди од истрагата укажуваат дека камионот свртел во спротивната лента и удрил директно во автобусот кој му одел во пресрет.

На самото место загинал возачот на автобусот и лицето надлежно за безбедноста на децата чиј идентитет не е објавен, а возачот на камионот со хеликоптер е префрлен во болница.