Македонија
30. August 2017 - 19:11

Камион удри во надвозник на патот Крива Паланка - Куманово

Камион со црногорски регистарски таблички кој влечел приколка со вилушкар попладнево удрил во надвозник на магистралниот пат Крива Паланка - Куманово.

Сообраќајот е во прекин од 17 часот, а во несреќата нема повредени лица.    

Од СВР Куманово информираат дека товарното возило марка „Волво“ се движело од Крива Паланка кон Куманово и во близина на населбата „Карпош“ удрило во надвозникот при што од камионот се одвоила приколката. Камионот бил управуван од српскиот државјанин А.С. (1969).

Надлежните служби работат на отстранување на камионот и на приколката.