Живот
9. December 2015 - 19:48

Камион уби кобила: Ќе заплачете кога ќе видите како полицаецот се збогува со неа, додека умира!

Полициската кобила Шарлот, починала откако за време на рутинска проверка во Хјустон ја удрил камион. Додека таа лежела на патот, полицаецот на кој одамна му била придружничка лежел покрај неа се до последниот момент.
 
Полицаецот од силниот удар бил исфрлен од кобилата, а таа тешко повредена паднала на улица.
Иако бил повреден, тој стигнал до неа, ја прегрнал за главата и бил со неа до последниот момент.
 
Од полициската станица во Хјустон соопштиле дека Шарлот била одличен, посветен работник кој ги чувал жителите на Хјустон четири години.