Свет
14. February 2018 - 13:39

Камион со повеќе од 300 мигранти се преврте во Либија, загинаа 23 лица

Камион кој превезувал повеќе од 300 мигранти, утрово се превртел на околу 170 километри од Триполи, во реонот на градот Бани Валид, јавија болнички извори.

Во инцидентот загинале најмалку 23 лица, а повредени се стотина луѓе.

Поголем дел од мигрантите во камионот били Еритрејци и Сомалијци.