Балкан
14. October 2018 - 10:46

Камион со мигранти се преврте во Турција, 15 загинати

Петнаесет лица загинаа, меѓу кои и деца, во сообраќајна несреќа што се случи денеска во Турција, пренесуваат турските медиуми.

Несреќата се случила кога камион со мигранти слетал од патот од Ајдин кон Измир и се превртел.

Засега нема информации за идентитетот на мигрантите.