-->
-->
Камион со 81 мигрант излетал од патот во Куманово
-->
Вчера во 23.00 часот на автопатот Куманово–Табановце полициски службеници дале знак за запирање на товарно моторно возило „ДАФ“ со скопски регистарски ознаки со полуприколка, но возилото не застанало. Набргу потоа, според пријавеното, на ул.„Железничка“, пред с.Черкезе, кумановско, возилото излетало од патот. При преглед на возилото биле пронајдени 81 лице – мигранти од Авганистан, Индија, Бангладеш и Пакистан. Мигрантите се привремено сместени во Транзитниот центар Табановце. Се работи на расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени две лица по напад со боја и летоци врз канцелариите на грчки весник
-
Владата бара од институциите до петок информација за реализацијата на препораките од УНЕСКО
-
Поделени картички за зелена нафта во неколку каменички села
-
Пендаровски: Нема компромис кога станува збор за правото на образование на мајчин јазик
-
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
-
Со закон ќе се дефинира разликата помеѓу политички именувани лица и администрацијата
-
Заев: Ќе градиме заеднички ставови за соодветна примена на препораките од Венецијанската комисија
-
Без вода утре дел од жителите на Општина Аеродром