Македонија
8. April 2019 - 15:50

Камион се заби во автобус кај Прилеп - едно лице повредено

На патот Градско-Прилеп утрово околу 7:00 часот  се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „МАН“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ.(53) од Скопје и автобус марка „Мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Д.Ц.(58) од Крушево. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на товарното возило кој е пренесен во болницата во Кавадарци. Извршен е увид на местото на настанот