Македонија
5. October 2015 - 16:32

Камион се судри со автобус кој превезувал мигранти, еден загинат и 9 повредени

Една Аганистанка загина, а деветмина се повредени при судир на камион со македонски регистерски таблички и српски автобус, вчеравечер на патот Врање-Прешево. До несреќата дошло кога автобусот кој превезувал 70 мигранти директно удрил во македонскиот шлепер, паркиран на десната лента, на место одредено за паркирање. 

Српските медиуми јавуваат дека патниците кои поминале со полесни повреди се префрлени во болницата во Врање, додека еден од мигрантите со тешки повреди е префрлен на клиниката во Ниш.

Возачот на автобусот е приведен веднаш по несреќата. Полицијата му одредила и 48-часовен притвор за сторено кривично дело против безбедноста во сообраќајот.