Свет
19. August 2019 - 21:27

Камион полн со гориво експлодираше на автопат во Уганда, во експлозијата загинаа 19 лица

Најмалку 19 луѓе загинаа откако камион полн со гориво експлодирал зошто возачот изгубил контрола и се забил во три возила во западна Уганда.

Полицијата во понеделникот наутро соопшти дека 9 тела се извлечени од местото на сударот и се префрлени во блискиот здравствен центар за да се направи обдукциска анализа, а уште едно тело е пронајдено заробено под камионот.

Покрај тоа, девет луѓе кои се повредени и префрлени во болница, подоцна им подлегнале на повредите.

Несреќата се случила во трговски центар на автопат кој го спојува главниот град Кампала и Касесе, кој се наоѓа на границата со Демократската Република Конго.

Во експлозиајта се уништени најмалку 25 блиски дуќани. Во земјите од источна Африка многу чести се сообраќајните несреќи.

Инаку, несреќите со смрти исходи се чести поради лабавите закони, лошите патишта и слабо одржуваните автомобили. Така кон средината на месецот најмалку 85 лица загинаа во соседна Танзанија кога цистерна со гориво се вреврти и експлодираше во градот Морогора.