Македонија
14. јуни 2017 - 14:42

Камион полн со дрва се преврте кај село Орах

 
Tоварно моторно возило натоварено со дрва се превртелo на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка во атарот на селото Орах, при што се повредени две лица, соопштија од полицијата.
 
Според првичните информации на МВР сообраќајната несреќа се случила во 11:05 часот.
 
Екипи на СВР Куманово се уште вршат увид во сообраќајната несреќа. Тој треба да ги покаже причините за сообраќајната несреќа.