Живот
21. November 2018 - 21:57

Камион остана да виси од мостот после судар: Целата стока падна на патот, а возачот го послужи среќата

Камион кој превезувал прехранбени производи останал да виси од мост во австралиската сојузна држава Викторија.

Товарот од камионот испаднал на патот поради што сообраќајот бил оневозможен, па се создале големи гужви на автопатот северно од Мелбурн.

Локалните медиуми јавија дека возачот е префрлен во болница, но немал повреди опасни по живот.

Иако точната причина се уште не е позната, се претпоставува дека возачот на камионот ја погодил бочната ограда и се превртел, а приколката летнала преку мостот.