Фудбал
5. February 2017 - 23:28

Камерун шампион на Африка

Фудбалерите на Камерун триумфираа на Африканскиот куп на Нации откако во финалето во Габон го победија Египет со 2:1.

Египет, кој има седум титули шампион на Африка поведе во 25.минута преку Мохамед Елнени. Камерун изедначи во 60.минута преку Николас Нкулу, а голот за триумф го постигна Винсент Абубакар во 89.минута.
Ова за Камерун е петта шампионска титула, а следниот шампионат ќе се одржи во 2019 година кај актуелниот првак.