Свет
16. November 2015 - 9:49

Камерон: Седум напади се спречени во Британија во изминатите шест месеци

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска изјави дека извршените напади во петокот во Париз „можеле да се случат“ во Велика Британија, каде седум терористички напади се спречени во последните шест месеци.

- Нашите служби за безбедност и разузнавање спречија извршување на седум напади во изминатите шест месеци, истакна Камерон.