Свет
12. September 2016 - 17:26

Камерон поднесе оставка од пратеничката функција

Поранешниот британски премиер Дејвид Камерон  денеска поднесе оставка од пратеничката функција, која веднаш стапи во сила.

Неговата оставка уследи неколку недели откако тој ја напушти премиерската функција поради што не успеа да обезбеди останување на Велика Британија во Европска унија.