Свет
4. December 2015 - 13:43

Камерон не очекува договор по британските барања за реформи на ЕУ на Самитот во декември

Британскиот премиер Давид Камерон ја инфромира германската канцеларка Ангела Меркел дека на средбата на Европскиот совет во декември не очекува постигнување договор за неговите барања за реформи на Европската унија, соопшти денеска претставничка на Даунинг стрит 10. 

Според неа, британскиот премиер ветил дека ќе преговара за воспоставување на нови односи меѓу Велика Британија и ЕУ, пред одржувањето на референдумот во земјата, кој ќе ја одреди нејзината иднина во Унијата. 

Претставничката на Даунинг стрит 10 потенцира дека Камерон и Меркел се согласиле дека од испраќањето на писмото на британскиот премиер до претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, во кое минатиот месец ги наведе предлозите поврзани со реформите во ЕУ, па досега, е постигнат голем напредок, но и дека има уште тешки прашања кои мора да се решат.