Свет
19. јуни 2016 - 9:20

Камерон: Излегувањето на Британија од ЕУ е „билет во еден правец“

Излегувањето на Британија од Европската унија ќе биде „билет во еден правец“ и ќе предизвика тешки последици за британската економија, изјави британскиот премиер Дејвид Камерон во интервју за Дандеј тајмс.

Тој упати остри критики за сопартијците Мајкл Гоув и поранешниот градоначалник на Лондон, Борис Џонсон. Тие се изјаснија за излегување од ЕУ. Камерон ги обвини дека користат “целосно неточни податоци“.

– Првото е дека Турција ќе биде дел од ЕУ, второто е дека ние испраќаме по 350 милиони фунти секоја недела во буџетот на ЕУ и трето дека постојат планови за европска армија и дека Британија ќе биде дел од неа, наведе премиерот.

Весникот додава дека Камерон се изјаснил дека ќе остане на функцијата дури и ако Британците поддржат брегзит.