Камерон: Ако излеземе од ЕУ Британците ќе живеат посиромашно
Евентуално излегување на Велика Британија од Европската унија ќе влијае негативно на животниот стандард на луѓето во државата, изјави премиерот Дејвид Камерон во интервју за Скај њуз.
– Ако излеземе од ЕУ, ќе живееме посиромашно, изјави Камерон по повод референдумот на 23 јуни на кој Британците ќе одлучат дали државата ќе остане во Унијата.
Камерон додаде дека во случај на Брекзит, државата ја чека деценија на несигурност во која владата ќе разгледува нови услови за трговија со ЕУ.
Независно од ставовите за членство на државата во ЕУ, тој вели дека никогаш не би дозволил унија со еврозоната. Камерон тврди дека Турција нема да стане членка на Европската унија во следните децении бидејќи и претстои исполнување на голем број услови за присоединување.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите