Живот
6. јуни 2018 - 16:40

Камерите снимија ужас: Продавач на слатки ја силувал ќеркичката (4) на шефот и ја убил, а потоа со другите ја барал и викал „убиецот да се обеси“

Индиски продавач на слатки е обвинет за силување и убиство на ќерката (4) на шефот.

Мажот Вирендер (24) е обвинет дека убил дете во куќата и го скрил неговото тело во сандак во куќата на својата мајка.

Вирендер, после тоа најнормално се вратил во продавницата во која работел.

Безбедноста камера го забележала моментот кога Вирендер го изнел детето од продавницата во Асаотија, 80 километри од Њу Делхи, во северната индиска држава Харјана.

Кога родителите кренале узбуна поради исчезнувањето на детото, Вирендер кој девет години работи за тоа семејство, се понудил да помогне во потрагата, а според зборовите на таткото на девојчето, рекол дека убиецот треба да го обесат.

Меѓутоа, сосед го видел како го води детето и тоа им го кажал на родителите.

Полицијата го претресе неговиот стан, а по сударот со неговата мајка, го откри трупот. Со прегледот на телото на девојчето откриено е дека е силувано пред да биде убиено. Осомничениот е сослушан во полиција.

Меѓу пријавените случаи на силување во Индија во текот на 2016 година, 13 отсто од жртвите се помали од 11 години, а во 94,6 отсто сторителите ги познавале жртвите, покажуваат најновите статистички податоци.