Камерите снимија се: Мајка го остави своето дете на улица и побегна
Откако го напушти, детето гледаше околу себе и ја бараше мајката, а потоа почна да ползи. Набрзо го виде вработениот на паркингот, кој за се ја извести полицијата.
Мајка од Кина на ужасен начин одлучи да се реши од своето дете и го шокираше. Нејзината постапка ја забележија камерите, а видеото набрзо се појави на Јутјуб.
На снимката доста јасно се гледа како мајка своето дете го остава на улица во подземна гаража во градот Гуијанг. Иако се чини дека мајка само сака да го пресоблече своето дете, таа уствари ладнокрвно го остава потпрено на ѕид, на доста прометна улица.
Откако го напушти, детето гледаше околу себе и ја бараше мајката, а потоа почна да ползи, пишува Дејли Мејл.
Набрзо го виде вработениот на паркингот, кој за се ја извести полицијата.
Детето е на сигурно, а полицијата спроведува истрага како би дошла до мајката и да ги испита мотивите за нејзината страшна постапка.
Ново на Сител
-
Гласањето во Прилеп без проблеми
-
ССМ повикува на масовна поддршка на првомајскиот протест
-
Прилепските цркви и годинава со хуманитарна акција пред Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Од утре започнува изборниот процес - Во домашни услови ќе гласаат болните и изнемоштените лица