Свет
15. July 2018 - 10:28

Камерите фатија необичен детаљ: Што има на раката британската премиерка?

Американскиот претседател Доналд Трамп, прв пат ја посети Велика Британија, а освен што се состана со премиерката Тереза Меј беше и на чај со кралицата Елизабета II.

Уште една работа за која медиумите покажаа внимание е чудната направа која Меј ја имаше на раката.

Таа облечена во црвен елегантен фустан го чекаше Трамп, но фотографите го снимија и овој необичен детаљ.

Се покажа дека на левата надлактица и е прикачен апарат кој го контролира нивото на шеќерот и известува кога треба да биде вбризган инсулинот.

На британската премиерка во ноември 2012 година и е дијагностициран дијабетес тип 1, а само година дена подоцна му кажа на целиот свет со што секојдневно се соочува.

„Имам дијабетер тип 1, си ставам инјекции пет пати дневно и навикната сум. Зависам од инсулин, така што вбрзгувањето ми е сега обична рутина во животот. Тоа што сум диајбетичар не ме спречува да правам што сакам“, рече таа.