Живот
8. August 2019 - 21:10

Камерата сними застрашувачки момент: Страсно се бакнуваа на оградата, потоа изгубија рамнотежа и паднаа во смрт

Двојка од Перу настрада по пад од мост од височина од 15 метри зошто невнимателно се потпреа на оградата.

Мајбет Еспиноза и Хектор Видал се снимени како страсно се гушкаат и бакнуваат на оградата од мостот.

Во еден момент, девојката седнала на оградата и сакала со нозете да го фати момчето, меѓутоа изгубија рамнотежа и загинаа.

Двојката неколку секунди очајно се обидуваше да се држи за оградата, но не им успеа. Паднаа од висина од 15 метри.

Мајбет загинала на самото место, додека Хектор со скршен череп е префрлен во болница, но набрзо починал.