Македонија
13. May 2021 - 10:24

Камер Идризи е убиениот вчера во Бутел, 22-годишник од Арачиново се бори за живот

43-годишниот Камер Идризи е убиеното лице во Бутел 2.

Во пукањето е повреден и сопатникот од авомобилот на Идризи. Во болница е пренесен и 22-годишниот Е.И од Арачиново, кој бил во автомобилот на Камер во моментот кога непознати лица пукале со автоматско оружје.

Камер Идризи, како што информира полицијата, починал на пат кон болницата, додека 22-годишникот од Арачиново бил хоспитализиран со шест куршуми и се бори за живот