Македонија
18. јуни 2016 - 13:49

Каменуван возот кој сообраќа на релација Кичево-Скопје

Во 21 часот и 25 минути синоќа од страна на непознати лица бил каменуван патничкиот воз кој сообраќал на релација Кичево-Скопје. Каменувањето било извршено веднаш по тргнување на возот од Железничката станица Скопје Север во правец кон Железничката станица Скопје, од левата страна во правец на движење на возот, при што било скршено едно подвижно стакло од вагон.

Повредени патници и возен персонал за среќа нема.

По извршеното каменување возот продолжил со патувањето до Скопје.

Се работи на целосно расчистување на случајот.