Македонија
15. September 2017 - 14:16

Каменуван меѓународниот воз Скопје - Белград

Неколку непознати  лица синоќа во близина на кумановското село Черкези го каменувале меѓународниот воз кој сообраќа на релација Скопје–Белград, соопшти денеска МВР. 

Од каменувањето нема повредени патници. Искршено е прозорско стакло од еден вагон, сопственост на железница на Република Србија.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.