Македонија
17. April 2018 - 10:38

Каменуван автобусот на кошаркарите на МЗТ-Скопје, за среќа нема повредени

Во Секторот за внатрешни работи Скопје синоќа околу 23 часот било пријавено дека на улицата „Васко Карангелевски“ од страна на непознати лица било скршено едно стакло од автобус „Неоплан“ со скопски регистерски таблици, во кој се превезувале кошаркари на Кошаркарскиот клуб „МЗТ“-Скопје, а се враќале од натпревар од Гостивар.

Нема повредени лица,  причинета е само материјална штета.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

Мечот меѓу Работнички и МЗТ Скопје требаше да се игра вчера во Скопје, меѓутоа поради расипаниот семафор во „Градски парк“, беше донесена одлука да се игра во Гостивар.

Инаку, Работнички продолжи со доминацијата во мечевите со вечниот ривал МЗТ Скопје откако во контроверзното дерби во Гостивар пред празни трибини стигна до 92:74 победа.