Македонија
29. August 2019 - 21:37

Каменуван автобус на ЈСП - повредена патничка

На 28.08.2019 во 23.30 часот во СВР Скопје, И.Ј.(51) од с.Јурумлери, скопско, вработен како возач во ЈСП, пријавил дека автобусот со број 53 бил каменуван од непознато лице, додека управувал со него во с.Јурумлери на улица ,,1’’. Поради кршење на стаклото во автобусот, на патничката У.Б(50) од с.Јурумлери, ѝ биле нанесени телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.