Македонија
13. December 2018 - 16:20

Каменос се предомисли - ќе излезе од грчката влада штом се изгласаат уставните измени во македонското Собрание

Грчкиот министер за одбрана го смени ставот. Вели дека нема да чека Договорот од Преспа да стигне во грчкиот Парламент и дека ќе си поднесе оставка веднаш што македонското Собрание изгласа промена на Уставот.

Ако продолжи и се изгласа Договорот од Преспа од страна на поранешната југословенска Република Македонија, јас ќе си дадам оставка од Министерството за национална одбрана, преземајќи ја целата тежина на оваа одговорност. Ќе се повлечам од Владата“

 

Ваквиот став на Каменос би можел сериозно да ги наруши плановите на Ципрас кој во таква ситуација ќе мора да бара поддршка од опозициски пратеници доколку во грчкото Собрание биде поднесено барање за гласање на доверба на неговата Влада.

Медијаторот Нимиц вели дека нема да се меша во политичките процеси во двете земји но вели дека е подготвен да помогне доколку се јави потреба за тоа.

Согласно предвидената динамика финалното гласање за Уставот во македонскиот законодавен дом се очекува околу 15 јануари. По тоа на потег е грчкиот парламент кој треба да го ратификува договорот.