Македонија
13. January 2019 - 16:05

Каменос поднесе оставка - Ципрас уверува дека го има потребното мнозинство за ратификација на Договорот од Преспа

Грчкиот премиер  на состанокот во својата резиденција ја прифати оставката на министерот за одбрана и колаициониот партнер Каменос, а веднаш потоа  објави дека побарал  итна седница во парламентот  на која ке се гласа за доверба на владата.  Дебатата , според најавите, би требало да почне во вторник, а крајното гласање би се случило во четврток. 

-Уставот ми дозволува да барам мнозинство за сите  овие важни прашања.  И ке го обезбедам, сигурен сум во тоа.  Но, јас  никогаш не сум одел на сигурно, секогаш сум ризикувал за да се изборам за доброто на нацијата. Затоа одлучив и го информирав престедателот на парламентот дека барам гласање за  доверба на владата, со цел да продолжам со апсолутно мнозинство за сите клучни прашања кои се наогаат  пред државата и да го завршам мандатот во октомври годинава, изјави Ципрас.

И додека Ципрас е убеден во мнозинството во паралемнтот, Каменос , на прес конференцијата,  по состанокот со премиерот, јасно даде до знаење дека  пратениците од неговата партија  нема да гласаат ниту за перспаснкиот догворот ниту за доверба на владата.  ОНие кои ке се осмелат да го направат тоа поради , ке бидат истерани од Анел, порача Каменос.

"Прашањето за Македонија, е прашање за кое илјадници беа убиени, и тоа не дозволува јас да не го жртвувам местото во Владата. Му се заблагодарив на премиерот за нашата соработка и му објаснив дека поради националното прашање оваа соработка не може да продолжи. АНЕЛ се повлекува од Владата".

Ципрас на местото на Каменос  веднаш го постави командантот на генералшатбот  на грчката војска Евангелос Апостолакис.  А грчките медиуми , повикувајки се на извори блиски до владата, пренесуваат дека Ципрас планира веднаш по седницата на која ке се гласа за довербата,  да се гласа и за преспанскиот договор. најверојатно другата недела. Се шпекулира дека Ципрас веќе има обезбедено тројца пратеници од Независни Грци, како и од опозиционата Потами