Балкан
9. November 2016 - 12:00

Каменос му честита на Трамп

Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос му ја честита победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.

Честитајќи му ја победата на Трамп, Каменос на Твитер додаде и дека сега е многу важна позицијата на Џорџ Пападопулос, близок соработник на Трамп.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, Трамп, уште за време на трката за републикански кандидат за претседател на САД, соопшти дека Пападопулос ќе му биде „консултатнт за прашања поврзани со нафта и енергија“.