Македонија
25. September 2022 - 16:33

Каменоломите во струшко Лабуништа по две години пауза повторно активни

Каменоломите во струшко Лабуништа по две години пауза повторно активни ,мештаните најавуваат масовни протести,блокирање на патиштата и бојкот на наставата на учениците доколку не престанат со работа.Тие бараат од институциите да најдат начин да го решат овој сериозен проблем, кој добива се поголеми размери и кој полека но сигурно прераснува во еколошка бомба за регионот.

Резултатите од направените анализи како што велат потврдуваат дека земјиштето и водата околу каменоломите се загадени и имаат штетни последици врз здравјето на населението.

Владата во мај 2020 година им ги раскина договорите за концесија на каменоломите но од март годинава повторно е активирана механизаијата.

Од министерството за економија пак на став дека, Управниот суд  ја поништил одлуката поради едностран раскин на договорите за концесија по што министерството повторно побарало од Државниот инспекторат за техничка инспекција да изврши увид, согласно напатствијата дадени во пресудите на Управниот суд.