Фудбал
5. јуни 2017 - 9:04

Каменица Саса избори место во 2 МФЛ, Шкупи убедлив против Новаци

 
 
 Фудбалерите на Шкупи со 4:1 го совладаа составот на Новаци во првиот бараж натпревар за опстанок/влез  во Првата македонска фудбалска лига. Возвратниот дуел ќе се одигра исто така на Градскиот стадион во Штип.
 
Каменица Саса со 4:1 го победи Превалец од Велес и се промовираше во нов второлигаш. Од идната сезона Каменица Саса ќе биде дел од 2 МФЛ - Исток.
 
Составот на Зајас со 2:0 го совлада Гоблен во борбата за место во 2 МФЛ - Запад.