Македонија
5. January 2017 - 17:04

Каменица прва општина со бесплатен превоз за пензионери и социјално загрозени лица

 

Македонска Каменица е прва општина во источниот регион која на пензионерите и на жителите од руралните средини, кои се од социјално ранливите категории еден ден во неделата им обезбедува бесплатен превоз. За таа цел Локалната самоуправа обезбеди две возила, со 8 односно 18 седишта, со што сите села ќе бидат сообраќајно поврзани со оргнаизиран превоз.

Нашата општина мислам дека е прва во Р. Македонија после градот Скопје која им обезбедува бесплатен превоз на пензионерите, со што им овоможуваме полесно да дојдат доколку им се потребни некои лекарски прегледи или намирници кои треба да ги купат. - изјава  Дарко Митевски градоначалник на Македонска Каменица

Јавниот повик  е пуштен и ќе трае до 20 јануари, а согласно доставените барање ќе се направи и возен ред, кој ќе биде истакнат во сите села и на веб страната на општината. Новите возила ќе им бидат ставени на располагање и на училиштата, градинките и спортските клубови.