Македонија
9. October 2018 - 16:21

Камбовски: Уставните амандмани не задираат во македонскиот идентитет и не го кршат уставот

Четирите уставни амандмани предложени од Владата кореспондираат со потпишаниот Договор со Грција, и не се спротивни со основните уставни начела, велат од МАНУ. Првиот човек на оваа институција, академик Таки Фити вели дека усвојувањето на уставните измени ќе го забрзаат патот на нашата земја кон ЕУ и НАТО.

Академик Владо Камбовски пак смета дека целиот страв од тоа што ќе и донесе на Македонија, Преспанскиот договор и уставните измени е резултат на незнаење.

Во однос на потребното 2/3 мнозинство во Собранието, за да поминат уставните измени, Камбовски очекува пратениците да гласаат по свое лично убедување, базирано на нивните знаења и предвидувања на иднината, а не по наредба на партиските лидери.